Елан повеќе нема да произведува скии за скокови

83

elan skii peter prevc

Новиот сопственик на словенечки Елан, донесе одлука за укинување на програмата за производство на скии за ски скокови, пишува Al Jazeera Balkan.

Американскиот фонд, којшто управува со словенечката компанија за производство на скии и спортска опрема, ја донел оваа одлука поради тоа што овој вид на скии се произведуваат во мала серија и од таа причина се нерентабилни.

Оваа одлука наиде на негодување од спортската јавност во Словенија, која бара да се најде нов производител на скии за скокови, за да може да се одржи долгогодишната традиција.