Електричниот Renault Twingo Z.E. пристигнува оваа година

30

Renault го потврди доаѓањето на електричниот градски автомобил Twingo Z.E. со престојните E-Tech хибридни и plug-in хибридни возила. Француската компанија сè уште ги нема објавено деталите за погонот, но со оглед на тоа дека Twingo ја поседува истата платформа како и SmartQ ForFour, се очекува дека ќе ја користи истата батерија од 17,6 kWh и електричен мотор на задната осовина кој развива 80 КС.

Благодарение на овој погон Twingo Z.E. би требало да забрзува од 0 до 100 километри на час за околу 12 секунди и да достигнува максимални 130 километри на час. Кога станува збор за дометот, со едно полнење Twingo Z.E ќе поминува до 145 километри.

Се очекува дека батеријата од 10 до 80 проценти од капацитетот ќе се полни за помалку од 40 минути преку полнач со моќност од 22 kW.

На купувачите веројатно ќе им биде понудена слична апликација за паметен телефон како што е случајот со Smart, а таа ќе им овозможува да го проверуваат статусот на возилото и да пристапат кон информации за состојбата на батеријата, локацијата на автомобилот и дометот.

Twingo Z.E. ќе дебитира на Саемот за автомобили во Женева во март, каде ќе биде присутна и екипата на Авто Плус, по што ќе следува и продажбата во Европа.

Преземено од Avtoplus.mk