Со измени на 30 закони органите на државната управа, судовите и единиците на локалната самоуправа ќе имаат обврска електронски да се поврзат со Агенцијата за катастар на недвижности, пишува Миа.
Измените на законите ќе бидат презентирани во Агенцијата за катастар на недвижности, а на настанот е најавено присуство на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и на директорот на Агенцијата Славче Трпески.