Елисон ја откажа продажбата на акции на „Оракл“ вредни 7,5 милијарди долари

Коосновачот и извршен директор на „Оракл“, Лари Елисон, ја откажа планираната продажба на своите акции во компанијата, објави „Оракл“ во саботата.

Според „Ројтерс“, „Оракл“ претходно изјави во регулаторна документација дека Елисон планира да продаде 50 милиони акции во вредност од околу 7,5 милијарди долари. Компанијата не даде причина за промената на плановите.

„Според тој план, не се продадени акции на „Оракл“ и тој нема други планови да ги продаде своите акции во таа компанија“, објави „Оракл“.

Вредноста на акциите на „Оракл“ падна за 22% од почетокот на годината. Компанијата инвестира многу во центри за податоци и неодамна стана еден од главните сопственици и безбедносни партнери за американските операции на „ТикТок“.

Елисон, исто така, го искористи своето богатство за да го поддржи аквизицијата на „Ворнер Брос Студиос“, која ја спроведува неговиот син Дејвид, а која во моментов е предмет на судска постапка.