Ello – Anti Facebook платформа што привлекува голем број корисници

    22

    ello

    Новата социјална мрежа Ello привлекува голем број корисници, кои сакаат да бидат дел од оваа нова платформа. Зад оваа платформа стои Пол Будниц, кој првично ја дизајнирал за да ја користи заедно со 90 негови пријатели, пишува BBC.

    Но, Будниц, инаку сопственик на продавница за велосипеди, од Вермонт, на седми август ја отворил оваа социјална мрежа за сите заинтересирани корисници.

    founder

    Ello ја доби придавката Anti Facebook поради ветувањето дека нема да има реклами или продажба на корисничките податоци. Но, со самото тоа во прашање се става начинот на кој оваа платформа ќе се одржува во живот.

    “Facebook нам не ни е конкуренција. На нив гледаме како платформа за огласување, додека ние сме мрежа“, вели Будниц.

    Ello е минималистички дизајниран и не изгледа многу прегледно како другите популарни социјални мрежи, кои нудат одредени функционалности. Но, мрежата нуди профил слика и насловна фотографија, а може да се споделуваат и различни содржини.