Елвира Набиулина нов гувернер на руската централна банка

48

nabiullinaРускиот претседател Владимир Путин именува нови луѓе на најважните економски функции во државата. Елвира Набиулина, поранешниот најважен економски советник на Путин, е именувана за нов гувернер на централната банка на Русија, на местото на Сергеј Игнатиев, кој е пензиониран. На местото на Набиулина, главен економски советник на Путин, доаѓа министерот за економија Андреј Белусев.

“Знаејќи ги нејзините лични квалитети како шеф, мислам дека таа сега има совршена можност да и помогне на централната банка да преземе поактивна улога во управувањето со економијата. Не се обидувам да се кажам дека Игнатиев работеше лошо. Тој постигна многу за време на неговиот мандат. Но, сега е време централната банка да преземе повеќе одговорности”, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев.

За Набиулина се смета дека е поблиска со Путин отколку претходниот гувернер Инатиев.

Аналитичарите овие промени ги протолкуваа како преземање на поголема контрола над финансиите во време кога руската економијата почна да оди по надолна линија.

Се очекува Набиулина да води умерена монетарна политика за да го стимулира економскиот раст. Според неа, монетарната политика не е алатка за постигнување економски раст, а користењето на каматните стапки за постигнување на раст е неприфатливо, затоа што не треба да се користат краткорочни методи за решавање на долгорочни проблеми.