Емилија Нацевска и Ана Митреска се именувани за вицегувернери на НБРМ

49

На 18 октомври 2018 година, за вицегувернери на Народната банка на Република Македонија беа именувани м-р Емилија Нацевска и м-р Ана Митреска, кои по спроведен оглас беа предложени од гувернерката, д-р Анита Ангеловска-Бежоска.

НБРМ изразува задоволство што и овојпат, Собранието на Република Македонија, без ниту еден глас против, и без ниту еден воздржан, застана зад определбата високиот професионализам да биде основниот двигател при раководењето, носењето на одлуките и севкупното работење на централната банка.

Само таквата, препознаена определба го гарантира континуитетот на успешното водење на монетарната политика и развојот на севкупното централно банкарско работење во нашата држава.