Енергетски ефикасна и здрава куќа изградена од дрво, кал и слама

590

kuka od seno Лехел Хорват, градежен инженер од Суботица, започна проект за изградба на “здрава куќа“ од дрво, семки од овошје, кал и слама. Хорват, кој десет години работел како асисент на дрвени и челични конструкции на Градежниот факултет во Суботица, вели дека таквиот начин на градба се користи повеќе од еден век, најмногу во САД и земјите од Европската унија. kuka od seno 1 “Куќите што на овој начин се изградени во американската сојузна држава Небраска пред сто години и понатаму се на свое место и луѓето нормално живеат во нив, а подоцна овој тип на градби почна да се применува и во Европа, па и во земјите од ЕУ имаат околу 37.000 такви станбени објекти“, вели Хорват, пренесува порталот Независно домаќинство. Кога ќе се земат во предвид темелите и ѕидовите на овие куќи, во текот на нивната изработка се прави заштеда од 25%, додека на греењето, поради одличните изолациски способности на сламата, годишно се заштедува од 65% до 75% од просечните издатоци за оваа цел во Србија.

kuka od seno 2

Дополнителен плус е тоа што се исклучително отпорни на земјотрес, бидејќи се направени од еластичен и влакнест материјал, што значи дека нема концентрирана маса, која испукува и при најмал потрес. “Конструкцијата на куќата се прави од дрво, слично како и кај класичната градба, а потоа ѕидовите се прават од 50 сантиметри дебели пресувани бали слама. Нејзината изолациона моќ е фантастична и има ист ефект како и класичниот ѕид со топлотна изолација од стиропор. Од внатрешната и од надворешната страна ѕидовите се обложуваат со трослојна мешавина од кал… Ваквиот ѕид, на основа на докажани истражувања, издржува дури два до три часа температура од 1.000 степени“, вели Хорват. Тој од 24 до 31 јули организира камп за обука на сите заинтересирани за овој вид на градби. Досега организирал повеќе вакви кампови, а на нив, освен луѓе од Србија, учествувале и посетители од целиот свет.