ЕПЦ: Векот на траење на производите намерно се скратува

38

bela tehnikaВекот на траење на производите е намерно планиран, е заклучокот на Европскиот потрошувачки центар (ЕПЦ) во последниот извештај под наслов “Програмирана дотраеност, производ на потрошувачкото општество”.

“Векот на траење на производите е пократок за да се принуди купувачот на често купување”, стои во извештајот.

Најчесто се работи за “функционална” грешка на некој производ, односно произведувачите прават различни апарати и уреди, како бела техника, на начин на кој доколку се расипе еден дел, престанува да работи целиот апарат.

ЕПЦ тврди дека машините за перење алишта се програмирани на само 2.000 до 2.500 перења, а телевизорите се програмирани да работат до 20.000 часови.

Од “функционална” грешка најмногу страдаат паметните телефони. Доволно е да се расипе батеријата и телефонот веќе не работи. Дополнителна опрема скоро е невозможно да се набави, затоа што веќе и не се произведува, а за најновата апликација треба и најнов модел на паметен телефон. На црната листа на потрошувачи е ајподот на Apple, затоа што првата, втората и третата генерација немаат засебни батерии, па кога батеријата ќе престане да работи по 18 месеци, треба да се купи цел нов iPod.

ЕПЦ ја повика Европската унија сериозно да се позанимава со овој проблем и бара законски регулативи во поглед на векот на траење на некои производи.