Епидемиологот Фаучи ја прими вакцината на Moderna

32

Водечкиот американски епидемиолог, Ентони Фаучи ја прими првата доза од вакцината против коронавирусот, што ја разви компанијата Moderna. Фаучи ја прими вакцината заедно со директорот на Институтот за епидемиологија, Френсис Колинс и министерот за здравство на САД, Алекс Азар. Вакцината ја примиле и здравствени работници во Институтот кои лекуваат лица заболени од коронавирусот.

Епидемиологот проценува дека мнозинството Американци ќе имаат пристап до вакцината до средината на следното лето. Се очекува вакцинацијата на населението да почне некаде “на крајот на март или на почетокот на април“.

Според Фаучи, целиот процес на вакцинација би можел да трае и до четири месеци поради големиот број на Американци кои сакаат да ја примат вакцината.

Фото: Freepik