Etihad Airways и Air Arabia основаат нов нискобуџетен авиопревозник

14

Две авиокомпании од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) основаат нов нискобуџетен авиопревозник, пишуваат тамошните медиуми.

Etihad Airways, авиокомпанија со седиште во емиратот Абу Даби, и Air Arabia, сместена во емиратот Шаржа, стојат за новиот авиопревозник што ќе сообраќа од Абу Даби.

Etihad трета година по ред бележи загуба, а од 2017 година е во процеси на реструктуирање со цел да се намалат загубите. Air Arabia е нискобуџетна компанија, којашто минатата година, исто така, заврши во минус.

Фото: Pixabay