Етнодизајнерка од Хрватска креира постелнина од лушпи од пченка

47

4

Етнодизајнерката Мина Петра Петричец, на својата листа проекти со кои со години ги негува богатството на хрватското наследство и култура, старите обичаи, знаења и вештини, додаде и еколошка постелнина изработена од лушпи од пченка.

1

Колекцијата под брендот Лијепа наша Сава е единствена, истакнува авторката, се изработува од природен еколошки материјал од домашно потекло, лушпи од пченка, кои се всушност биолошки остаток во производство на пченка. Лушпите од пченка се собирани на полињата долж реката Сава, а шиењето го прави малата семејна фирма Монтекс од Загорје, пишува Слободна Далмација.

2

Освен што во производството се користи потполно природен материјал, отворена е нова можност за вработување на луѓе во производство кое не бара големи инвестиции, а истовремено дава голем придонес во чување на околината.