
Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард не учествуваше во дебатата за тоа дали ЕЦБ треба да ги зголеми каматните стапки 10-ти пат по ред следниот месец.
Лагард во интервју за телевизијата Блумберг не додаде ништо на оваа тема, па сè уште не се знае каква ќе биде одлуката на 14 септември, дали каматите ќе растат или ќе има пауза.
„Многу е важно очекувањата за инфлација да останат закотвени на два“, рече Лагард во интервјуто со Том Кин на годишниот состанок на Федералните резерви во Џексон Хол, Вајоминг.
Ваквите настани често се користат од страна на централните банкари како сцена за големи политички изјави. Минатата година, официјални лица, меѓу кои и претседателот на ФЕД, Пауел и членката на Извршниот одбор на ЕЦБ, Изабел Шнабел, зборуваа за продолжена офанзива во борбата против инфлацијата.
Поранешната шефица на Меѓународниот монетарен фонд, кој е на чело на ЕЦБ речиси четири години, се обидува да изгради консензус за важни одлуки.
Лагард потврди дека ЕЦБ е „зависна од податоци“ и се обидува да носи одлуки чекор по чекор, особено затоа што широкиот опсег на структурни промени ја отежнуваат читливоста на економијата.
„На некој начин, кршењето на овие правила нè принудува да размислуваме пошироко за последиците што можат да ги донесат одлуките и да внесеме повеќе индикатори во нашето размислување за ситуацијата. Исто така, мораме да го измериме влијанието на нашата монетарна политика“, истакна претседателот на ЕЦБ.