ЕЦБ најверојатно ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки

17

Европската централна банка најверојатно ќе мора да продолжи да ги зголемува каматните стапки пред да дојде до прекин на циклусот на раст, изјави членот на Управниот совет Пјер Вунш.

„Ќе кажам дека тоа би требало да го направиме уште малку и не ја исклучувам идејата дека во одреден момент ќе мора да паузираме“, изјави во саботата гувернерот на белгиската централна банка, пренесе Блумберг.

Тој додаде дека е рано да се зборува за целосно запирање на растот на каматите, бидејќи како што истакна „инфлацијата е многу упорна“.

Додека ценовните притисоци се намалуваат, Вунш рече дека не очекува инфлацијата да ја достигне целта на ЕЦБ од два проценти пред 2025 година.