ЕЦБ не ја промени референтната каматна стапка и покрај очекувањата

53

Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука за да ја задржи референтната каматна стапка на непроменето ниво, иако се очекуваше намалување на стапката поради пандемијата од коронавирусот.

Каматната стапа на главните операции на рефинансирање е задржана на нула проценти, каматата на заемите за една ноќ остана 0,25%, а на депозитите дадени во ЕЦБ и понатаму ќе изнесува -0,5%. Оваа негативна референтна камата има за цел да ги поттикне банките да одобруваат кредити на клиентите, а не да ги депонираат кај централните банки.

Според претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард изјави дека ширење на вирусот Covid – 19 зададе голем удар на перспективите за раст на глобалната и економијата на евро зоната и ја зголеми волатилноста на пазарите.

“Дури и ако епидемијата е од привремен карактер, таа ќе има значително влијание на економската активности. Владите и сите други институции се повикани да преземат навремени акции за да ги отстранат заканите по јавното здравје, да се запре ширењето на вирусот и да се ублажат економските последици“, вели Лагард.

Фото: Pexels