Ризикот од финансиска нестабилност во еврозоната ќе биде зајакнат и по завршување на кризата што ја предизвика пандемија, предупредува Европската централна банка (ЕЦБ).
“Се очекува и покрај закрепнување на економиите, бројот на стечаи да биде во пораст од ниското ниво во 2020 година, делумно поради нерешените барања за објава на стечај“, наведе ЕЦБ во најновата анализа на финансиска стабилност на еврозоната.
Поголем товар на долгот на компаниите со земјите во коишто поразвиен е услужниот сектор би можел да го зголеми притисокот на нивните влади и на банките.
Кога се во прашање банките, можните кредитни ризици би се претвориле во вистинска закана и со текот на време профитабилноста на финансиските институции во еврозоната и понатаму ќе биде слаба.
Фото: Pexels











