ЕУ бара единствена цена на рускиот гас за сите земји членки

42

gasovodЕвропскиот пратеник за енергетика, Гутнер Отингер, рече дека Европската унија се залага за единствена цена за рускиот гас за сите земји членки, додавајќи дека заедничката европска гасна инфраструктура би требало да ги вклучи и Украина, Грузија и југоисточна Европа, пренесува Reuters.

Отингер ја дал оваа изјава по средбата со полскиот премиер Доналд Туск, кој заговара европска енергетска унија и заедничко купување на руски гас, а пред состанокот со Русија и Украина за сигурна испорака на гас во Европа.

“Ние сакаме единствена цена на гасот на заеднички европски пазар“, рекол Отингер.

Тој рекол дека Европа би требало да има и паневропска мрежа за природен гас и електрична енергија, вклучувајќи поголема поврзаност меѓу државите, како и поголема диверзификација на увозот на енергија.