Европската унија (ЕУ) досега извезла околу 200 милиони дози вакцини.
“Отворени сме за разговори и предлози околу нова солидарност, но наш приоритет е да го зголемиме производството на вакцини во ЕУ и да видиме дека другите не го блокираат извозот на вакцини и компоненти за нивно производство“, вели Марош Сефковик, потпретседател на Европската комисија.
Ројтерс претходно објави дека ЕУ во април оваа година извезла околу 37 милиони вакцини повеќе од оние што ги поделила меѓу земјите членки на Унијата.
Фото: Pexels











