EУ го ограничува извозот на медицинска опрема

50

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, соопшти дека ЕУ го ограничува извозот на медицинска опрема во државите надвор од ЕУ.

Таа изјави дека медицинската опрема за заштита од коронавирус може да се извезува во земји што не се членки на ЕУ само со согласност од владите на земјите членки на ЕУ.

Како што рече таа, ЕУ работи на три нивоа – работи со индустријата за да ги продолжи своите операции, второ, работи на  тоа да се задржи во Европа потребната опрема и затоа е донесена шемата за овластување за извоз на заштитна опрема.

“Ова е нешто што моравме да направиме за да го заштитиме нашиот здравствен систем“, објасни претседателката на ЕК.

Третото ниво вклучува солидарност помеѓу земјите-членки кога станува збор за споделување и користење медицинска опрема во рамките на ЕУ.

Фото: Pixabay