ЕУ губи над 92 милијарди евра годишно поради фалсификати

17

Фото: Pixabay

Европската унија изгубила повеќе од 92 милијарди евра годишно меѓу 2012 и 2016 година, поради кршење на авторски права, покажуваат официјалните податоци.

Најголеми загуби има индустријата за облека, обувки и модни детали – 28,4 милијарди евра годишно, а со поврзаните индустрии загубата достигна 45,9 милијарди евра.

Следна е фармацевтската индустрија со 9,6 милијарди евра годишно, а потоа козметичката со 7,1 милијарди евра.

Во истражувањето на Канцеларијата на Европската унија за интелектуална сопственост, предвид се земени повеќе сектори: производство на облека и обувки, лекови, козметика, паметни телефони, вина и жестоки пијалаци, пестициди, накит и часовници, чанти, спортска опрема, игри и играчки и музика.