Европската унија и Соединетите Американски Држави постигнаа договор во спорот околу царината на челик и алуминиум, објави Европската комисија, најавувајќи разговори за проблемите околу глобалниот вишок на производни капацитети.
ЕУ нема дополнително да ги зголемува компензациските царини од први јуни, како што е планирано, бидејќи од интерес на двете страни е судирот да не се заострува.
Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп воведе царина на увоз на челик и алуминиум од Европа, а ЕУ возврати со царини на увоз на американски производи, како што се виски, фармерки и мотоцикли.
Фото: Pixabay











