ЕУ ќе воведе царини за американски производи во спорот за Airbus и Boeing

19

Европската унија ќе воведе царини за американски производи во спорот околу производителите на авиони Airbus и Boeing, соопшти  потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис.

Неодамнешната одлука на Светската трговска организација и дозволи на ЕУ да воведува царини, рече Домбровскис.

“И тоа е она што го правиме“, додаде тој.

Пресудата, изречена во средината на октомври, и дозволува на ЕУ да воведе царини во вредност од скоро четири милијарди долари (3,37 милијарди евра) годишно на увозот од САД за да возврати на нефер субвенциите за авиони.

ЕУ сепак ќе остане отворена за преговори, со тоа што Комисијата се залага двете страни да се откажат од царините за производите, рече Домбровскис.

Во сличен случај, СТО им дозволи на САД во 2019 година да воведат царини за производи од ЕУ во вредност од 7,5 милијарди долари (6,3 милијарди евра) како одговор на нелегалната државна помош за европскиот производител на авиони Airbus.

Фото: Pixabay