ЕУ најмногу извезува фармацевтски производи во САД, а најмногу увезува од Швајцарија

68

Европската унија во текот на минатата година извезе една третина од своите фармацевтски производи во САД, а третина од нејзиниот увоз доаѓа од Швајцарија, покажуваат податоците на Eurostat.

Швајцарија со 12% удел е втора по увоз на фармацевтски производи од ЕУ, а по нејзе следат Велика Британија и Кина.

САД пак се на второ место на листата на земји од коишто ЕУ минатата година најмногу увезувала фармацевтски производи, по што следи Велика Британија.

Минатата година извозот на лекови од ЕУ во Швајцарија се зголеми за една петтина, а за 14% во САД.

Извозот во Велика Британија во текот на минатата година се намали за 14%.

Сите земји членки на ЕУ лани го зголемија и увозот и извозот на фармацевтски производи, што е спротивно на трендот на трговската размена што забележа пад поради пандемијата.

Најголем скок во увозот на лекови и други фармацевтски производи лани бележи Словенија со 31%, а кај извозот има пораст од 42%.

Фото: Pexels