ЕУ не дозволи спојување на Siemens и Alstom

28

Европските власти не дозволија спојување на компаниите Siemens и Alstom, поттикнувајќи дебата околу тоа дали строгите антимонополски правила на Унијата треба да се ажурираат за да може компаниите од ЕУ да се натпреваруваат со нивните кинески конкуренти, пишува Financial Times.

“Siemens и Alstom се лидери во железничката индустрија. Комисијата забранува спојување, бидејќи компаниите не беа подготвени да се справат со нашата загриженост околу проблемот со конкуренцијата“, изјави Маргрет Вестагер, од антимонополската комисија на Европската унија.

Блокирање на одредено спојување на компании е реткост за ова европско тело, бидејќи во последните три децении се одобрени над 6.000 договори, а се забранети помалку од 30.

Siemens и Alstom се познати по производство на возови со голема брзина, како и по производтво на системи за сигнализација во железничкиот сообраќај.