ЕУ одобри помош од четири милијарди евра за Air France

25

Европската комисија денеска одобри помош од четири милијарди евра за Air France за докапитализација на авиокомпанијата, која е во криза поради пандемијата.

За возврат на таа помош Air France се обврза да отстапи слотови на пребукираниот аеродром во Орли во Париз.

“Ова ќе им даде можност на конкурентските превозници да ги прошират своите активности на овој аеродром“, изјави европскиот комесар за конкуренција, Маргрет Вестагер.

Францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер, изјави дека вкупно 18 слотови, односно термини за слетување и полетување, се дадени на други компании.

Фото: Pixabay