ЕУ за неколку дена ќе склучи договор со Mоderna

87

Договорот меѓу Европската унија и американската биотехнолошка компанија Moderna, за набавка на вакцини против коронавурисот е подготвен и ќе биде потпишан за неколку денови, најави францускиот државен секретар за европски прашања, Келемен Бон.

“Договорот ќе биде склучен, прашање е на денови. Скоро е спремен, Брисел нè уверува во тоа“, рекол Бон за француските медиуми.

Извршниот директор на Moderna предупреди дека евентуалното одолговлекување на договорот ќе ја забави испораката на вакцини против Ковид-19, бидејќи приоритет ќе имаат земјите што потпишале договор со нив уште пред неколку месеци.

“Разговараме, но договор нема“, рекол Стефан Банцел за Associated Frans Press, кој на чело на Moderna е од 2011 година.

Американската биотехнолошка компанија претходно потпиша договор со Канада, Јапонија, Израел и Велика Британија, не сметајќи ги 100-те милиони дози за САД, што се ветени во август оваа година.

Фото: Freepik