Moderna до ЕУ: Побрзајте да ја купите нашата вакцина

75

Шефот на американската биотехнолошка компанија, Moderna ја предупреди Европската унија дека одолговлекување на преговорите за купување доза од нивната вакцина против Ковид-19 може да ја забави испораката бидејќи приоритет ќе имаат земјите коишто веќе пред неколку месеци потпишале договор.

“Разговараме, но договор нема“, рекол Стефан Банцел за Associated Frans Press, кој на чело на Moderna е од 2011 година.

Европската комисија на 24-ти август информираше за “унапредени преговори“ за купување на 80 милиони дози од вакцината, но од тој момент не е потпишан никаков договор. Во меѓувреме, Moderna склучи договор со Канада, Јапонија, Израел, Катар, Велика Британија, не сметајќи ги 100-те милиони дози ветени на почетокот на август за САД.

За сите земји, освен за САД, производството на вакцината ќе биде во Швајцарија, а ќе се полни во шишенца во Мадрид.

Доколку Европската агенција за лекови ја одобри вакцината пред крајот на годината, а не потпише никаков договор, “првата испорака нема да вклучи Европа“, туку земјите кои што веќе направиле нарачка – Швајцарија, Јапонија, Израел, Канада.

Првите Американци се очекува да ја добијат вакцината пред Нова година, до крајот на ноември ќе бидат ставени на располагање 10 милиони дози, а до крајот на годината уште 20, само за американскиот пазар.

Moderna оваа недела објави дека нејзината вакцина има ефикасност од 94,5% против Ковид-19.

Фото: Freepik