ЕУ за здравје – програма вредна над пет милијарди евра

40

Преговарачите на Европскиот парламент и Советот на Европската унија постигнаа договор за активностите што ќе се финансираат со 5,1 милијарда евра, преку Програмата на ЕУ поврзана со здравјето, во период од 2021-ва до 2027-ма година, под името ЕУ за здравје (EU4Health).

Новата програма ќе даде поддршка на мерки што подразбираат поддршка на здравјето и превенција на болести, како и подготовка на европскиот здравствен систем за идни можни закани.

“Оваа здравствена програма на Европската унија е најамбициозен и најголем досега. Ова е значаен чекор бидејќи здравството конечно го добива значењето што го заслужува. Повеќе од пет милијарди евра за оваа програма е 10 пати повеќе од претходната повеќегодишна финансиска рамка“, смета Томислав Сокол од Европскиот парламент.

Фото: Freepik