ЕВН: Либерализацијата на пазарот на електрична енергија не зависи од нас

22

Electric_EnergyЛиберализацијата на пазарот на електрична енергија што требаше да се случи од 1 јануари не зависи од ЕВН Македонија, велат од компанијата, по вчерашната изјава на Кочо Анѓушев, новиот претседател на Македонската енергетска асоцијација.

Од ЕВН појаснуваат дека со Законот за енергетика се предвидени исполнувања на одредени предуслови поврзани со пазарните правила и тарифните системи, што се во надлежност на Регулаторната комисија за енергетика.

“Не станува збор за несакање на компаниите да се приклучат кон процесот на либерализација, туку за нивно неинформирање. Сепак, најважно е да бидат подготвени двете страни и ЕВН, како корисник и управувач со мрежата на дистрибуција кон која овие компании се приклучени, но и компаниите, изјави Анѓушев по вчерашната седница на МЕА.