ЕВН потпиша договор со над 120 квалификувани компании

33

evn-1afsfsfsafsa ЕВН Снабдување потпиша договори за снабдување со над 120 квалификувани компании кои првпат излегуваат на слободниот пазар за електрична енергија, информираат од компанијата. Оттаму велат дека компаниите кои им ја дадоа довербата ги имаат најповолните понуди што може да се добијат на почетокот на втората фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија.
“Не само поволна цена, туку корисниците го добиваат и искуството и сигурноста во снабдувањето и од домашниот пазар и од европскиот, каде што ЕВН веќе одамна е присутна снабдувајќи 3,3 милион корисници во Бугарија, Австрија и Македонија”, наведуваат од ЕВН.
Токму пристапот до сите европски берзи и пазари на електрична енергија, нагласуваат, и дава можност на ЕВН на компаниите да им ја олесни работата околу планирањето на потрошувачката.
“Оние кои потпишаа договор со нас не мора воопшто да се грижат за тоа дали ќе ја потрошат целата побарана енергија или не, нашето искуство и екпертиза околу планирањето им стои на располагање. Балансирањето на потрошувачката ќе биде наша грижа”, вели менаџерот на ЕВН Снабдување, Нико Беберу.
ЕВН Снабдување ја оформи и втората балансна група. Првата, најголема во земјава, е на регулираниот пазар на електрична енергија каде што ги снабдува тарифните потрошувачи, вклучувајќи ги и 700-те илјади домаќинства и малите бизниси, а втората за либерализираниот пазар каде се вклучени 70% од компаниите кои од денеска излегуваат на отворениот пазар.