ЕВН со нова услуга, е-пункт

386

evn-fakturi-golemiЕВН Македонија промовира нова услуга е-пункт со која на корисниците им овозможува да ги плаќаат фактурите за електрична енергија преку интернет со која било кредитна или дебитна картичка без провизија.

Новата услуга ќе придонесе за брзо, лесно и сигурно плаќање на заостанатите или тековните фактури, трошоците за нов или повторен приклучок, како и други долгови, без никаква провизија. Услугата е наменета за физички лица, а корисниците кои имаат повеќе броила, можат да ги групираат во сопствениот профил и ќе имаат преглед на сите трошоци на едно место.

Се што треба да направат корисниците е да креираат кориснички профил на веб – страницата www.evn.mk, односно да се внесе корисничкиот број, бројот на фактурата за електрична енергија и електронската пошта на корисникот. Понатаму, при секоја регистрација, корисникот ќе добива детален увид во сите трошоци, во секое време од денот.

Е-пунктот им дава можност на да ги избегнат каматите за задоцнето плаќање и да не се грижат за пристигнувањето на фактурите.

“Oнлајн плаќањето е одлична можност за оние корисници кои патуваат често или живеат во странство, а имаат имот во Македонија, но и за сите оние кои досега имаа навика да плаќаат со кредитни картички во наплатните места на ЕВН Македонија. Со е-пункт корисниците ќе заштедат време, пари и енергија, а во исто време ќе имаат целосен увид на сите трошоци”, стои во соопштението.