ЕВН го отвори првиот Инфо центар за корисниците

36

evn-makedonija

Корисниците од денеска можат да ги користат услугите на првиот Инфо центар на ЕВН Македонија во Градскиот трговски центар во Скопје, каде можат да се информираат за сите услуги на компанијата, јавува МИА.

Инфо центарот претставува изложбен простор што овозможува и презентација на мултимедијални содржини од особено значење за корисниците, како совети за рационално користење на електричната енергија, велат од компанијата.

Преку современ терминал корисниците (физички лица) лесно и едноставно ќе можат да вршат безготовински уплати на сите долгови во системот за сопствениот број на корисник/матичен број.

Во Инфо центарот, нема да може да се поднесуваат документи за конкретна услуга или процес, но може да се добијат целосни информации за услугата или процесот, да се подигне соодветна документација и слично. Единствен исклучок во делот на поднесување на документација е поднесување на документи за ажурирање на лични и контакт податоци.

Инфо центарот планира во иднина корисниците да можат да набават уникатни продукти поврзани со енергетската ефикасност, како и услуги за целосно реализирање на проекти од истата област.