Европа ја очекува колку – толку нормален Божиќ

112

Ова ќе бидат најнеобичните Божиќни празници. Повеќето европски држави се затворени поради големиот број на случаи со коронавирус. Но, аналитичарите на JPMorgan веруваат дека сепак ќе има каков – таков Божиќ.

Европските земји се борат со втор бран на коронавирусот. Како резултат на тоа, Германија и Франција, двете најголеми економии во еврозоната се во национални блокади, а многу други земји исто така ги заострија своите мерки за да ги заштитат нивните здравствени системи.

Заострување на ограничувањата во последните неколку недели ѝ нанесоа нов удар на услужната индустрија.

“Со оглед на огромниот број на економски и социјални активности што се случуваат во декември, клучно е да се знае дали да се придржувате до тековните распореди“, рече Дејвид Меки, економист од JPMorgan.

“Нашата проценка е дека ќе биде“, рече тој.

Националната блокада на Германија треба да трае до крајот на ноември, во Франција, сегашните ограничувања треба да траат до први декември и во Велика Британија, најновата блокада треба да заврши на втори декември.

“Мерките треба да се ублажат до почетокот на декември, што ќе овозможи силен раст на економските и социјалните активности во пресрет на празниците. Дали ќе има уште една европска блокада во текот на раните месеци од следната година, останува да видиме и многу зависи од развојот на вакцини“, додаде Меки.

JPMorgan ги проучуваше најновите податоци за мобилноста во Европа, споредувајќи ги со она што се случи за време на првиот бран. Банката заклучи дека во Германија, Шпанија и Велика Британија, интензитетот на движењето е доволно намален за да се одржи ширењето на вирусот со прифатлива стапка.

Во Република Ирска, Холандија и Словачка – каде што се воведоа ограничувања порано во сегашниот втор бран, бројот на нови случаи се намали во текот на изминатата недела.

“Овие искуства сугерираат дека ограничувањата поставени низ цела Европа во последните неколку недели ќе бидат доволни за повторно да се воспостави контрола врз вирусот, барем засега“, рече Меки.

Фото: Pixabay