Европа ја заврши 2014 со добивка од 17,4 милиони денари

287

evropa cokoladi

Фабриката за чоколади, вафли и бонбони Европа евидентираше добивка од 17.498.000 денари на крајот на 2014 година, покажува билансот на успех, објавен на Македонска берза.

Една година претходно, Европа прикажа позитивен финансиски резултат од 24.633.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на Европа беа на ниво од 722.683.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 346.003.000 денари, додека поголемиот дел од 376.680.000 денари се реализирани на странски пазари.