Европа ќе привлекува повеќе инвестиции по пандемијата

23

Менаџери од целиот свет се помалку песимистички за разлика од оваа пролет, но и за пост ковид периодот, кога се во прашање инвестициите во Европа. Ова се дел од резултатите на истражувањето на Ernst & Young.

Истражувањето е напраено во октомври, пред вестите за напредокот и ефикасноста на вакцините против Ковид-19, а покажува дека 42% од менаџерите очекуваат намалување на инвестиционите планови за оваа година, а во април тоа беше на ниво од 66%.

Над 30% од менаџерите решиле плановите за нови инвестиции да ги одложат за следната година, додека во април таква намера имаат 23%. Околу 10% од анкетираните рекле дека очекуваат поголеми инвестиции оваа година, додека во април такво очекување немаше скоро никој.

“Ветувачки е мислењето на инвеститорите дека Европа во следните три години ќе стане многу попривлечна за инвеститори што не беше случај пред пандемијата“, вели Џули Теигланд од EY.

Фото: Freepik