Европа купува фитнес опрема како никогаш досега

26

Пандемијата, освен што влијаеше на многу дејности и сектори, предизвика и големи промени кога станува збор за навиките кај луѓето. Податоците на европската канцеларија за статистика покажуваат нагло зголемување на побарувачката за фитнес опрема.

Како причина поради којашто има рекордна продажба на фитнес опрема се наведува карантинот, слободното време и потребата кај луѓето да го зголемат квалитетот на сопствениот живот во услови на пандемија. Во исто време, поради карантинот, бројни теретани и фитнес центри имаат клуч на врата поради што луѓето мораа да се навикнат и да вежбаат во домашни услови.

Главен партнер во увозот на фитнес опрема на ЕУ е Кина, од каде има пораст од 73%, во периодот јануари – јули оваа година. Тајван е на второ место со удел во увозниот “колач“ од 9%, па следат САД со 8% и Велика Британија со 5%. Овие четири земји сочинуваат 96% од целокупниот увоз на фитнес опрема на територијата на ЕУ за оваа година.

Фото: Freepik