Европа мора да ја прошири мрежата на полначи за електрични автомобили

54

Изградбата на мрежа на полначи за електрични возила во Европа заостанува за разлика од продажбата на ваков вид автомобили. Од таа причина, недостатокот на инфраструктура може да го загрози користењето на електричните возила како замена за конвенционалните што имаат погон на фосилни горива.

Официјалните податоци покажуваат дека минатата година во Европската унија се продадени 458.915 електрични и хибридни возила, што е повеќе од двојно одошто во 2017 година. Во истиот период, бројот на полначи е зголемен за 58% на само 200.000.

“Тоа е потенцијално опасно бидејќи наскоро би можеле да ја достигнеме точката во којашто растот на продажбата на електрични возила ќе запре ако потрошувачите заклучат дека нема доволно полначи или да мораат премногу долго да чекаат во ред за брзо полнење“, смета Ерик Марк Хуитема, директор на Европската асоцијација на производителите на автомобили.

Фото: Freepik