Европа отвора нова продавница во Skopje City Mall

233

evropa1Оваа сабота (03.02.2018) со почеток во 11 часот, ЕВРОПА ве кани на сладок настан исполнет со многу насмевки, подароци и полни кеси слатки задоволства по намалени цени! Повод за настанот е отворањето на продавница на нова локација во рамки на трговскиот центар Skopje City Mall.

Новата специјализирана продавница на македонската #ФабрикаЗаЗадоволства ќе биде лоцирана на приземјето на Skopje City Mall, а во неа посетителите ќе имаат можност да се засладуваат со највкусните чоколади, вафли, бонбони, рум штангли, крем банани и останатите производи од широката палета на слатки задоволства.

ЕВРОПА е една од најстарите компании од кондиторската индустрија на Балканот и функционира уште од далечната 1882 година, оставајќи сладок белег на голем број генерации. Своите почетоци ги започнува како скромна занаетчиска работилница за производство на бонбони, локум и други производи од шеќер, а денес е модерна фабрика за чоколади, вафли и бонбони со непогрешлив квалитет и бројни сертификати и признанија.

Како компанија која ги следи трендовите, ЕВРОПА постојано го надградува своето производство и воведува новитети во производна линија, а квалитетот останува непроменет затоа што секогаш користи висококвалитетни суровини. Новата детска линија на вафли и млечни чоколади MiNi, чоколатцата со ментол Minti и неодоливите Brixx за кратко време станаа омилени закуски на љубителите на слатки задоволства. ЕВРОПА е единствената фабрика во Македонија која произведува ексклузивни темни чоколади од 150, 450 и 1.200 гр., кои може да се најдат во сите специјализирани продавници.

Врвните мајстори на оваа #ФабрикаЗаЗадоволства подготвија слатки подароци и десерти за сите што ќе ја посетат продавницата во Skopje City Mall на 03.02 во периодот од 11-14 часот, а по повод отворањето голем дел од производите ќе бидат со намалени цени во текот на целиот викенд (03-04.02.2018).