Европа со добивка од 24,7 милиони денари за девет месеци

44

evropa cokoladi

Фабриката за чоколади, вафли и бонбони, Европа, оствари вкупна сеопфатна добивка од 24.799.000 денари, за девет месеци, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 14.516.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во период од 01.01. до 30.06. оваа година достигнаа 532.886.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 244.061.000 денари, додека на странски пазари отпаѓаат 288.825.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во истиот период лани беа на ниво од 516.381.000 денари.