Европа создава единствен пазар на електрична енергија

30

struja

Електричните мрежи и берзи на земјите од јужна и северозападна Европа од вчера се поврзани и сега покриваат околу 70% од европските потрошувачи, што е уште еден чекор кон интегрирано одредување на цената на струјата и намалување на ризикот врзан со доставата, пишува ХРТ.

Физичката и финансиска интеграција на овие два региони создава заеднички пазар на електрична енергија кој се протега од Португалија до Финска. На ваков единствен пазар, зголемувањето на производството на парковите на ветерници или соларната енергија на едно подрачје ќе може да го надоместува производството на хидроцентралите на друго подрачје. Или зголеменото производство на термоцентралите во некои земји да го надомести падот на производството на нуклеарните централи во друга земја.

Во следниот чекор треба да се интегрираат пазарите на Чешка, Словачка, Унгарија и Романија, а потоа и остатокот од Европа.