Европа треба да инвестира во проектирање, а не во производство на чипови

41

Европа планира да ги произведува најсилните чипови за компјутери и на таа идеја би можела залудно да потроши милијарда евра, што би било подобро да ги инвестира во обнова на замрената традиција на нивно проектирање, сметаат аналитичари.

Европската комисија во март го претстави 10-годишниот пан Digital Compass, чија цел е двојно зголемување на уделот на Европа во глобално производство на чипови и тоа за 20% и изградба на фабрика за супер брзи чипови од два нанометри. Се верува дека овој план е одговор на кризата поради недостигот на чипови.

Според аналитичарите, Европската комисија не може да ги оствари целите зацртани за 2030 година, бидејќи Европската унија нема доволно голем пазар на којшто би можеле да се пласираат производи од супер модерни фабрики.

Проблемот во европската стратегија е тоа што, за разлика од САД и Азија, Европа нема развиен сектор за проектирање на чипови којшто би ги оправдал инвестициите во големи фабрики.

Фото: Pexels