Европејците поштедливи во време на криза

26

Европејците повеќе штедат, а помалку трошат во тек на пандемија, покажува истражувањето на финансиската компанија Deposit Solutions од Хамбург. Минатата година износ од 585 милијарди евра пристигна на тековните и штедните сметки во евро зоната.

Обемот на штедење во еврозоната се зголеми 48% во однос на 2019 година, кога достигна ниво од 395 милијарди евра. Од тој износ 150 милијарди евра им припаѓаат на штедачите од Германија, кои на банкарските депозити добиваат многу ниски каматни стапки.

Во Германија штедењето се зголеми за 37% во однос на претходната година, што е повеќе одошто во Италија (32%), но помалку одошто во Франција (72%) и Шпанија (38%). Во Велика Британија, што се анализира одвоено од евро зоната, штедењето се зголеми за 170%.

Од второто тримесечје на 2020 година, протокот на пари на штедни сметки е поголем од претходните години. На штедните сметки во еврозоната на крајот на минатата година имаше околу 8,3 билиони евра.

Според експертите, падот на потрошувачката и неизвесното економско окружување доведоа до тоа луѓето да имаат највисоки заштеди.

Фото: Pexels