Европска земја којашто скоро го искорени коронавирусот – опоравени се 97% од заболените

133

Во Исланд заклучно со минатата недела, 97%  од пациентите со Ковид-19 закрепнаа, се појавија само два нови случаи за седум дена, а инфекцијата се чини дека е скоро целосно елиминирана во земјата, соопшти во средата исландската влада.

Откако ги идентификуваше првите случаи на зараза на почетокот на март, Исланд воведе строги ограничувања на активности и движење, затвори училишта, забрани големи јавни собири и воведе стратегија за следење на контакти и движење за да го спречи ширењето на Ковид-19.

Тоа и овозможи на земјата со околу 360.000 жители да објави делумно отворање кон средината на април, откако епидемијата го достигна пикот на почетокот од месец април и почна да забавува.

“Бевме пријатно изненадени од многу брзото забавување на епидемијата во Исланд. Но, исклучително е важно да се остане буден и да се минимизира ризикот од повторување“, рече главниот епидемиолог Торолфур Гуднасон.

Исланд тестираше 51.663 од своето население, или нешто повеќе од 14 %. Повеќето од мерките беа олеснети во понеделникот, а се отворија училишта и фризерски салони и беа дозволени собири до 50 лица.

Социјалното дистанцирање ќе остане на сила уште некое време, а теретаните и базените ќе останат затворени.

Вкупниот број на заразени на Исланд изнесува 1.799, од нив 10 се починати (седуммина биле на возраст над 70 години), а сега има активни само 39 случаи.

Фото: Pixabay