Европски аеродром доби пет ѕвезди за мерки против Ковид -19, еве и зошто

46

За мерките воведени против ширење на коронавирусот, римскиот аеродром Fiumicino доби специјално признание од меѓународната организација Skytrax. Оваа организација секоја година објавува ранг – листа на најдобри аеродроми во светот.

Skytrax, чиешто седиште е во Велика Британија, оваа година поради пандемијата со Ковид-19, воведе посебна категорија и на италијанскиот аеродром му додели максимални пет ѕвезди.

Аеродромот Fiumicino, исто така, познат како Leonardo Da Vinci International Airport, од први септември отвори центар за тестирање на коронавирус којшто го управува во соработка со Црвениот крст на Италија.

Признанието на Skytrax го доби поради лесно читливите повеќејазични упатства за патниците, строго инсистирање за носење на заштитни маски, големо присуство на хигиеничари и ефикасност во насочување на патниците при пристигнувања и заминувања.

Во категоријата мерки против Ковид-19, Skytrax рангира само аеродроми во европски земји, а три ѕвезди доби аеродромот во Малага, Ница и лондонски Heathrow, наведува CNN.

Фото: Pixabay