Доколку посетителите резервираат најмалку две ноќевања во хотел во Женева, тие автоматски на подарок ќе добијат картичка што може да се користат за јадење, пиење и истражување на познатиот европски град.
Ваучер, наречен Женевска картичка за подароци, вреди 93 евра и може да се потроши на различни места во градот – вклучувајќи повеќе од 60 хотели, 15 излети и околу 80 ресторани. Оваа картичка може да се користи и во рестораните со Мишелин ѕвезди.
Посетителите добиваат една картичка по хотелска соба, а картичките можат да се земат при пријавување во хотелот, според градската туристичка канцеларија.
Ваучерот може да се користи до 31 декември годинава.
Фото: Pixabay