Европски град им дава подарок на туристите ваучер од 93 евра

125

Доколку посетителите резервираат најмалку две ноќевања во хотел во Женева, тие автоматски на подарок ќе добијат картичка што може да се користат за јадење, пиење и истражување на познатиот европски град.

Ваучер, наречен Женевска картичка за подароци, вреди 93 евра и може да се потроши на различни места во градот – вклучувајќи повеќе од 60 хотели, 15 излети и околу 80 ресторани. Оваа картичка може да се користи и во рестораните со Мишелин ѕвезди.

Посетителите добиваат  една картичка  по хотелска соба, а картичките можат да се земат при пријавување во хотелот, според градската туристичка канцеларија.

Ваучерот може да се користи до 31 декември годинава.

Фото: Pixabay