Европскиот суд за човекови права пресуди дека Република Словенија е одговорна за поврат на старите девизни заштеди на штедачите на Љубљанска банка надвор од Република Словенија, а Република Србија е одговорна за поврат на парите на штедачите на Инвест банка надвор од границите на Република Србија, јавуваат словенечките агенции.
Европскиот суд пресуди во предметот на тројца државјани на БиХ (Алишиќ, Саџак и Шахдановиќ против БиХ, Р. Хрватска, Р. Србија, Р. Словенија и Р. Македонија) кои покренаа постапка барајќи од европскиот суд да утврди одговорност на тужените држави за неисплата на т.н. стара девизна заштеда во подружниците на Љубљанска банка Сараево и Инвест банка Тузла долги години.
Европскиот суд утврди одговорност на Република Словенија за повреда на правото на мирно уживање на сопственоста и право на ефективно правно средство на штедачите кои своите девизи ги вложиле во подружници на Љубљанска банка надвор од територијата на Р. Словенија, и Р. Србија за неисплата на девизни заштеди положени во Инвест банка надвор од територијата на Р. Србија, пишува Тпортал.
Судот пресуди дека пропустите на Словенија и Србија, поднесителите на тужбата во овој предмет, но и сите останати луѓе во иста правна положба да ги вклучат во одредени шеми за поврат на парите, представува системски проблем.
Затоа двете држави имаат рок од шест месеци од конечната пресуда да им овозможат на подносителите и на сите други штедачи во иста положба, исплата на старите девизни заштеди под исти услови како што им е овозможено на оние што имале стара девизна заштеда во подружниците на словенечките банки во Р. Словенија, односно српските државјани кои имале заштеди во српските банки на подрачјето на Р. Србија.