Европските акции паѓаат додека светските пазари ја чекаат одлуката на ФЕД за каматните стапки

Акциите на европските берзи го завршија денешното тргување со пад, првенствено затоа што пазарите низ целиот свет ја чекаат одлуката на Федералната резервна банка на САД (ФЕД) за каматните стапки.

Паневропскиот STOXX 600 падна за 0,2 проценти, франкфуртскиот DAX за 0,1 процент, францускиот CAC 40 за 0,3 проценти, додека лондонскиот FTSE 100 порасна за околу 0,4 проценти, објави CNN.

Ако се разгледуваат поединечните компании, акциите на производителот на медицински помагала Philips паднаа за 6 проценти откако американската Администрација за храна и лекови издаде предупредување до холандската фирма во врска со стандардите во три од нејзините производствени погони.