Европските акции скокнаа по отворањето на Ормутскиот Теснец, туристичките компании најмногу пораснаа

Акциите на европските берзи  значително пораснаа откако Иран го прогласи Ормутскиот теснец за целосно отворен за комерцијален сообраќај.

На тоа најдобро реагираа туристичките компании, чија вредност се зголеми за пет проценти, објави CNBC.

Паневропскиот STOXX 600 скокна за 1,5 проценти, при што сите главни берзи и повеќето сектори објавија позитивни резултати до 15:55 часот по лондонско време.