Европските берзански индекси нерамномерни, пад на акциите на компаниите од одбранбената индустрија

Европските берзански индекси денес се нерамномерни, цените на нафтата, златото и пченицата паѓаат, а акциите на европските компании од одбранбената индустрија се особено погодени по најновите вести за мировните преговори за Украина, кои укажуваат на конвергенција на позициите на преговарачите.

Акциите на „Рајнметал“ паднаа за 3,5 проценти, на италијанската „Леонардо“ за 4,1 процент, на француската „Талес“ за 2,3 проценти, а на британската компанија „БАЕ Системс“ за 2,3 проценти, објавува CNBC.

Податоците за инфлацијата во еврозоната и Велика Британија ќе бидат објавени во среда, 17 декември, што би можело да влијае и на одлуките за монетарната политика од Европската централна банка (ЕЦБ) и Банката на Англија (БоЕ) што треба да се објават во четврток.